петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Автобусите од понеделник според саботен возен ред

Автобусите од понеделник според саботен возен ред

Ве информираме дека од утре, понеделник (16.03.2020 год), поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред, соопштуваат од ЈСП.

Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски центар на (02)3173-224.

Одлуката ќе важи до 21.03.2020 год, а за евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.

Одлуката е донесена согласно препораките и преземените мерки на Владата на РМ за превенција од ширење на коронавирусот.

Коронавирус