вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 109
home Скопје

Автобуси на ЈСП се расипуваат, а граѓани горат на +30 степени

Автобуси на ЈСП се расипуваат, а граѓани горат на +30 степени

Во овие денови кога температурите се енормно високи, автобусите на ЈСП се почесто се расипуваат.

Денес исто така се расипа автобус, a минатата недела се случи 2-3 пати само 7-ца да се расипе и граѓаните да останат да чекаат друг автобус или да пешачат.

За ова имаше и бурни реакции по социјалните мрежи каде автобусите на ЈСП се нарекуваа дури и „сауна на четири тркала“ бидејќи немаат ни клима уред на овие високи температури.