среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска во втор круг со над 5.000 гласови предност: Скопјани ја донесоа големата победа, заедно ќе обезбедиме подобра иднина

Арсовска во втор круг со над 5.000 гласови предност: Скопјани ја донесоа големата победа, заедно ќе обезбедиме подобра иднина

Со предност од 5334 гласови пред Петре Шилегов од СДСМ, Данела Арсовска влегува во вториот круг од трката за градоначалник на Град Скопје за позитивни промени во Скопје.

-Скопје денес го огреа сонце. Денес скопјани ја донесоа големата победа во Скопје за водство во првиот круг. Голема победа која покажува дека во Скопје е време за промени. Им благодарам на сите кои ја дадоа својата поддршка и својот глас за мене и мојата програма. Благодарам за поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, АА/А, невладини организации, но и на сите граѓани, истакна денеска независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека резултатот покажал дека е време за модерно Скопје, град со кој сите ќе се гордееме.

-Се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања и политичари кои ветуваат, а ништо не остваруваат. На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за подобро Скопје. Им честитам на освоените гласови на сите кандидати. Заедно ќе направиме Скопје да биде една слободна метропола и здружени сите заедно со една иста цел ќе успеме да го направиме Скопје подобро место за живеење, нагласи Арсовска.

Арсовска нагласи дека се покажало дека Скопје не смее да биде предмет на политика и ги повика сите да се обединат. Таа ги повика граѓаните во вториот круг да излезат уште помасовно на изборите.

-Сите кои сте незадоволни од начинот на кој Скопје е воден досега. Скопје ќе биде убав град на среќни луѓе. заедно ќе обезбедиме подобра иднина, за модерно Скопје, нагласи Арсовска.

Коронавирус