петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 169
home Скопје

Арсовска: Треба да го слушнеме гласот на младите, тие имаат модерна визија за Скопје

Арсовска: Треба да го слушнеме гласот на младите, тие имаат модерна визија за Скопје

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, се сретна со младите луѓе и во разговор со нив, ги разменија размислувањата за Скопје, какво е сега а во каков град тие сакаат да живеат. На вечерашната средба, во окружување што е типично нив во Градскиот парк тие отворено ги изнесоа своите разочарувања од моменталниот недостаток од културни и забавни содржини, сиромашна градска понуда од случувања и дека нивниот социјален живот во градот е маргинализиран, сведен на седенки во паркот.

“Градот ќе биде место каде ќе имате исполнета и среќна младост, со содржини и младински центри што ќе ви овозможат да се развивате, лично и професионално. Ќе има места каде ќе можете да се изразите, да се поврзете, дружите а истовремено и ќе учите и ќе се наградите со знаење. Ќе се овозможи заживување на културната, музичката и воопшто мултимедијалната сцена, наспроти сегашната зачмаеност, забавни содржини со интерактивен концепт, наспроти едноличната културна програма, отвореност на градот за современите и алтернативни културни движена и создавање услови каде и вие самите би можеле да се вклучите и ќе ја создавате оваа сцена во вашиот град. Заедно, со вас и вашите идеи ќе го создаваме современо и модерно Скопје”, им порача Арсовска на средбата.

Се дискутираше отворено на сите теми и работи што им недостигаат во забавниот и културниот живот. Самите изнесуваат идеи како би можел да се смени и подобри со дополнителни содржини и истакнаа дека за создавање на модерно и современо Скопје, потребно е да се пристапи интердисциплинарно и да се вклучат сите форми на израз.

Коронавирус