понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Скопје

Арсовска: Скопје ќе биде отворен град, ќе се стави крај на корупцијата и урбаниот хаос, граѓаните нема да се разбудат и да видат пред нив се гради ново бетонско здание

Арсовска: Скопје ќе биде отворен град, ќе се стави крај на корупцијата и урбаниот хаос, граѓаните нема да се разбудат и да видат пред нив се гради ново бетонско здание

Градот треба да биде отворен и да не се разбудиме едно утро и да видиме дека пред нас некој почнал да гради бетонско здание, изјави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата со другите кандидати на Телевизија 24, потенцирајќи дека мора да се стави крај на корупцијата и урбаниот хаос во градот.

Арсовска истакна дека неопходно е градот да биде отворен за граѓаните како во делот на урбанистичкиот хаос, така и во делот на капиталните проекти кои се планираат, бидејќи во овој момент никој од граѓаните не знае како изгледа Генералниот урбанистички план и кој и што им гради, и како што посочи, корупцијата е еден од проблемите кои го овозможуваат тој хаос.

– Корупцијата е детектирана како еден од најголемите проблеми, граѓаните постојано апелираат дека е неопходно да се санира и верувам дека секој еден проект многу полесно ќе се имплементира во градот и државата доколку се справиме со корупцијата. Прописи имаме, а тие се избегнуваат да се применуваат доследно и тоа е еден од главните проблеми кои ги има, рече Арсовска.

Таа потенцираше дека капиталните проекти се од огромно значење за градот и за да нема урбан хаос каков што постои сега во Скопје потребно е соодветно планирање и соодветна стратегија како да биде истото во интерес и заштита на Скопјани.

Локални избори 2021