недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 76
home Скопје

Арсовска: Скопјани ќе добијат брз, квалитетен и безбеден јавен превоз со пристапни цени, не ни требаат 100 милионски решенија кои не се изводливи

Арсовска: Скопјани ќе добијат брз, квалитетен и безбеден јавен превоз со пристапни цени, не ни требаат 100 милионски решенија кои не се изводливи

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, во дебатата на Телевизија 24 со другите кандидати, истакна дека на Скопје му е потребен брз, безбеден и ефикасен јавен транспорт со цени достапни за граѓаните, дури и бесплатен, а не 100 милионски проект кој не е изводлив и на кој му се потребни многу години до реализација.

Таа посочи дека во Скопје владее сообраќаен хаос, граѓаните не користат доволно јавен превоз бидејќи тој не ги задоволува стандардите и не можат безбедно и навремено да стигнат од една до друга дестинација.

– Не е навремени, не е безбедно, не е сигурно и не е доволно во интервали во колку треба да биде. Има локации кои се недостапни за јавен превоз и луѓето пешачат со километри да стигнат до автобуска постојка, за да користат јавен превоз, изјави Арсовска.

Таа потенцираше дека тоа ќе се промени и граѓаните на Скопје ќе добијат брз, квалитетен и безбеден јавен превоз со пристапни цени за граѓаните.

– Не треба да се фокусираме на 100 милионски проекти кои не се изводливи, и ќе требаат години додека да се реализираат. На граѓаните им се неопходни брзи решенија, нема време за чекање. Потребен е брз и сигурен транспорт кој ќе биде сигурен и достапен, во кој цените ќе бидат достапни, а јас би рекла и бесплатен јавен за да се мотивираат граѓаните да ги остават автомобилите и да користат јавен превоз, истакна Арсовска.

Локални избори 2021