петок, 29. јули 2022. Вести денес: 98
home Скопје

Арсовска предлага средношколците цело лето да се возат бесплатно во автобус

Арсовска предлага средношколците цело лето да се возат бесплатно во автобус

Советниците на градскиот Совет ќе можат на продолжението на последната седница да се изјаснат за предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за изменување на Програмата за активностите на Градот Скопје од областа на средното образование во 2022 година, каде една од предложените измени е и бесплатниот превоз за средношколците.

Па така, за организирање и спроведување на бесплатниот ученички превоз, наместо превидените 42 милиони денари, се предлага да се наменат 92 милиони, односно 50 милиони денари повеќе, кои, како што се наведува би се обезбедиле од повеќе ставки од градскиот Буџет.

-На овој начин со средства од Основниот Буџет на Град Скопје се овозможува користење на бесплатен јавен превоз на сите ученици од средните училишта на Град Скопје во текот на целиот летен распуст. Со бесплатниот ученички превоз ќе се унапреди и олесни извршувањето на бројните воннаставни активности на учениците, нивните обврските за посетување феријална пракса, за дополнителна и подготвителна настава и за други спортски активности и потреби за движење. Истовремено со овој проект дополнително се олеснува товарот врз семејните буџети на сите ученици запишани во средните училишта на Градот Скопје, се вели во образложението на предложените измени на Програмата, пренесе Слободен печат.

Коронавирус