понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 72
home Скопје

Арсовска: Политичката игра на “не сме надлежни“ а се надлежни е непримерно и тоа им е јасно на граѓаните

Арсовска: Политичката игра на “не сме надлежни“ а се надлежни е непримерно и тоа им е јасно на граѓаните

– Политичката игра на “не сме надлежни“ а се надлежни е непримерно. Сведоци сме дека кога владата знаела да земе дел од нафтените резерви и да ги даде на градот за да бидат дотерани во јавниот превоз и кога немало ваква енергетска криза. Јасно им е на граѓаните, знаат какви се чекорите кои биле преземани во минатото, и кога не сме биле во криза како во моментов, а не било толку неопходно, а биле трошени средствата на граѓаните од непродуктивни трошења, владата знаела да помогне за да излезат од оние состојби во кои се затоа што била свесна дека со овој степен на децентрализација не можат да ги постигнат ветувањата кои треба да ги реализираат, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во Клик Плус на ТВ21, на прашањето како ќе се реши проблемот со приватните превозници, со кои градоначалничката Арсовска оствари средба и истакна дека ќе побара помош од владата, а од Владата пак велат дека не се тие надлежни туку Градот.

На прашањето дали може да се вратат ноќните линии, Арсовска истакна дека веќе се вратени ноќните линии за скопјани.

– Вратени се ноќните линии, но она со кое се соочува ЈСП е поради несоодветното одржување во изминатите години, има голем дел од возилата кои се вон функција поради несоодветно одржување и не се во можност да се движат. Сите возила треба да се пред се безбедни за да може да се движат граѓаните со нив, вели Арсовска.

Коронавирус