Ви благодарам што ги поддржавте проектите што ги истакнав во оваа кампања, што одбравте да верувате на човечноста, што сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водам Скопје и да бидам ваш човек во градот, вели Данела Арсовска, новоизбраниот градоначалник на Град Скопје.
-Радувај се Скопје, радувај се Македонијо, денес се раѓа ново сонце, заедно да побараме одговорност за она што не е сработено и заедно Скопје да го трансформираме во модерен европски град. Огромна е победата, со речиси 30 илјади гласови разлика, затоа ви благодарам за довербата и уште од првиот ден да почнеме со работа. За прв пат во 30 години независна Македонија, Скопје има жена за градоначалник.