сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска од населба Даме Груев: Ќе субвенционираме вистинска енергетска транзиција, ќе го олесниме движењето кон центарот на градот

Арсовска од населба Даме Груев: Ќе субвенционираме вистинска енергетска транзиција, ќе го олесниме движењето кон центарот на градот

Независната кандидатка за градоначалник за Град Скопје, Данела Арсовска ги посети жителите на населба Даме Груев во општина Ѓорче Петров и разговараа за проектите кои ќе бидат клучни за општината и градот.

-Преку булевар „Словенија“, ќе направиме поврзување на општината со што ќе ја финализираме внатрешната обиколница и ќе го олесниме движењето низ градот. Исто така во областа на инфраструктурата еден од нашите приоритети е поврзувањето со четири ленти на булевар „Теодосиј Гологанов“ до раскрсницата на булевар „Ѓорче Петров“. Ќе се уреди коридорот на реката Лепенец, со велосипедски патеки, со фитнес зони, со детски катчиња за најмладите, со катчиња за пензионерите, да се придонесе кон уредување на овој заборавен дел од општината. Ќе субвенционираме вистинска енергетска транзиција, преку енергетски ефикасни фасади, преку соларно фотоволтаични панели, преку инвертер клими, топлински пумпи за домаќинствата, истакна Арсовска во разговор со жителите.

Таа најави и изградба на Спортски центар, со трим и вело патеки, со терени за ракомет, кошарка, одбојка и многу други содржини за кои самите жители посочија дека им е неопходно во општината.

Арсовска истакна дека треба да се стави крај на празното политиканство и трошење на парите на скопјани за непостоечки проекти. Според неа, асфалтирање на улици не е проект, тоа е обврска на градските служби.

Коронавирус