сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска на средба со Сали и Таравари: Разменивме искуство од првиот круг и си посакавме уште поголем успех во вториот круг на изборите

Арсовска на средба со Сали и Таравари: Разменивме искуство од првиот круг и си посакавме уште поголем успех во вториот круг на изборите

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска оствари средба со кандидати за градоначалници на Чаир и Гостивар др. Беким Сали и др. Арбен Таравари.

-Корисна средба помеѓу двата изборни круга со моите колеги кандидати за градоначалници на Чаир и Гостивар др. Беким Сали и др. Арбен Таравари. Разменивме искуство од првиот круг и си посакавме уште поголем успех во вториот круг на изборите, пишува Арсовска на Фејсбук.

Коронавирус