сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска на средба со Бени Шакири: Скопски муабети (ФОТО)

Арсовска на средба со Бени Шакири: Скопски муабети (ФОТО)

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со кандидатот за градоначалник од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, Арбен Бени Шакир, кој отпадна во првиот круг на локалните избори.

-Скопски муабети, напиша Арсовска на Фејсбук.

Инаку, Шакири, неодамна при гостување во дневникот на ТВ Сител објасни, односно ја демантираше изјавата на Петре Шилегов дека тие се пријатели и кажа дека всусшност Шилегов нема да ги добие неговите гласови во вториот круг.

-Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три и пол години е пасивен и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг, појаснува Шаќири за неговиот однос со сегашниот градоначалник, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Шакири исто така, по првиот круг од локалните избори, истакна дека нема коментар за изјава на премиерот Зоран Заев во која го нарече негов другар и оти е убеден дека нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ.

Шакири во изјава за „Република“ вели дека нема коментар на зборовите на Заев и оти знае сигурно дека нема да гласа за Шилегов.

-Немам коментар за изјавата на Заев и на тоа што го рекол и што мисли со тоа. Јас точно знам што реков по изборите и останувам на ставот дека знам за кого нема да гласам, а тоа е Шилегов. Јас сум возрасен човек со изграден став врз основа на неговото четиригодишно работење и како би го сменил за еден ден, вели Шакири за „Република“.

Коронавирус