среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 148
home Скопје

Арсовска: На граѓаните на Скопје им е преку глава од политичари кои што само даваат празни ветувања кои што не ги исполнуваат

Арсовска: На граѓаните на Скопје им е преку глава од политичари кои што само даваат празни ветувања кои што не ги исполнуваат

Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија„ како и од албанската опозиција Алијанса за Албанците и Алтернатива, вечерва на Алсат телевизија испрати уште еднаш порака и појасни зошто скопјани треба да ја изберат токму нејзе за да го води градот Скопје во наредните 4 години.

Таа укажа дека на скопјани им е преку глава од лажни и празни ветувања, додавајќи дека нејзина заложба е од Скопје да направи поубаво место за живеење.

-Сметам дека она кое што го гледаме изминатите години, дека на граѓаните на Скопје им е преку глава од политичари кои што само даваат празни ветувања кои што не ги исполнуваат и затоа јас како човек, како жена, како некој што има интегритет, некој кој што е чесен и одговорен, и некој кој што не е политичар ќе се заложам Скопје да го направам поубаво место за живеење. Верувам дека ги имам квалитетите и знам дека добро можам да менаџирам со градот и верувам дека сето она кое што се покажало како лошо менаџирање до сега, дека квалитетно ќе го направам во следните 4 години како градоначалник на сите скопјани, рече Арсовска.

Најнови вести

Локални избори 2021