вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 84
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Скопје

Арсовска е прва жена градоначалник на Скопје во 30 години независна Македонија- ова се досегашните (ФОТО)

Арсовска е прва жена градоначалник на Скопје во 30 години независна Македонија- ова се досегашните (ФОТО)

Град Скопје доби жена градоначалник првпат по цели три децении од независноста на Македонија, откако независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Данела Арсовска на локалните избори го победи противкандидатот Петре Шилегов кој раководеше со градот во изминатите четири години.

-Благодарам што одбравте да верувате на човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водат градот Скопје. По тешки битки ако можам така да го наречам во оваа кампања мој противник не беше само стариот градоначалник, туку и премиерот во заминување на мое големо задоволство истакнувам дека во Скопје за првпат по 30 години од независноста има жена за градоначалник, истакна по победата на прес-конференција новиот градоначалник Данела Арсовска.

Интересен факт е тоа што последната жена на оваа позиција Скопје ја имало во 1948 година.

Инаку, Арсовска е 26-от градоначалник на Скопје по ослободувањето на градот во 1944 година.

Првиот градоначалник на Скопје по неговото ослободување бил Лазар Танев, а инаку прв градоначалник на Скопје бил Спиро Китинчев во периодот од 1941 – 1944.

Коронавирус