сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 52
home Скопје

Арсовска: Доаѓа големата победа на 31 октомври, скопјани ќе изберат поубав живот и модерно Скопје, победата од првиот круг ќе биде уште поголема

Арсовска: Доаѓа големата победа на 31 октомври, скопјани ќе изберат поубав живот и модерно Скопје, победата од првиот круг ќе биде уште поголема

Доаѓа големата победа, скопјани ќе изберат човек кој ќе ги застапува сите за поубав живот, за модерно европско Скопје во кое сите ќе бидеме среќни и горди, изјави кандидатката за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска на вечерашниот собир во Општина Аеродром, додавајќи дека победата од првиот круг на 31 октомври само ќе биде поголема.

Арсовска истакна дека од другата страна нема што да понудат, ниту како да ги оправдаат потрошените 4 години стагнација и затоа се служат со напади.

Од првиот момент кога кажав дека градоначалникот во заминување ќе одговара за сите средства кои ги потрошил од буџетот на скопјани, и наместо на поубав живот ги трошел ненаменски, после тоа почнаа директните напади. Го прашавме градоначалникот во заминување каде е тунелот под Кале, каде се кружните текови, каде се сообраќајниците, каде е подобриот живот, каде се 350 милиони евра потрошени пари на скопјани за кои не видовме резултати. Каде се милион евра за чистење на снег во година во која нема снег, зошто во кампања склучил договор за 32.000 евра за кафеани. Таков човек не е достоен да го води нашиот главен град, потенцираше Арсовска.

Таа истакна дека на овие луѓе им останаа навредите затоа што овие луѓе за да си ги зачуваат фотелјите се подготвени се да продадат и излажат, па да не се чудите дека се подготвени и да навредуваат.

Коронавирус