вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 149
home Скопје

Арсовска: Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме, потребна ни е промена веднаш

Арсовска: Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме, потребна ни е промена веднаш

Скопје денес го огреа сонце. Денес скопјани ја донесоа големата победа во Скопје за водство во првиот круг. Голема победа која покажува дека во Скопје е време за промени. Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за поубаво Скопје. Заедно ќе го направиме Скопје модерна метропола и здружени со иста цел – ќе успееме да го направиме Скопје подобро место за живеење, истакна Данела Арсовска, кандидатот за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изразувам голема благодарност до сите вас кои ја поддржавте мојата визија за современо и модерно Скопје, но и до вас кои што ја исполнивте граѓанската должност и демократското право и излеговте на гласање. Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме, потребна ни е промена веднаш. Ве повикувам во вториот круг да излезете во уште поголем број сите вие кои сте незадоволни од градоначалникот во заминување, затоа што Скопје и скопјани не треба ниту ден повеќе да живеат во нечистотија, сообраќаен и урбанистички хаос.

Коронавирус