четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Скопје

Арсовска: Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа

Арсовска: Делуваме за подобрување на животот на лицата заболени од церебрална парализа

Дваесет членови на Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа денеска се упатија со воз од Скопје до Велес. Заедно на Железничката станица во Скопје ги испратија градоначалничката Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, со пакетчиња за членовите кои во Велес ќе ги пречека Градоначалникот Марко Колев.

-Ова патување е една убава можност за дружење и за запознавање со убавините на Македонија. Во Градот Скопје децата заболени од церебрална парализа и нивните родители имаат пријател и поддршка – им рече градоначалничката Арсовска на членовите на здружението.

Социјалната заштита и обезбедувањето подобри услови за граѓаните што се соочуваат со потешкотии е приоритет на Градот Скопје кој поддржува многубројни значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на овие лица.

Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа на ниво на Скопје е активно од 1999-та година.

Коронавирус