сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска: Бесплатен јавен превоз за сите скопјани

Арсовска: Бесплатен јавен превоз за сите скопјани

Бесплатен јавен превоз за сите скопјани и понуда на избор за жителите за еколошка алтернатива на нивните автомобили беше најавено денеска на прес конференцијата што ја одржа кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска.

Со ова решение беше презентиран еден од 15+1 проекти од нејзината програма и истото се однесува на проблемот со загадениот воздух, подобрување на хаосот со транспортот во главниот град и воведување сообраќаен ред.

Арсовска објасни дека вакви решенија има досега во Франција, каде во повеќе од 30 општини тоа веќе функционира. Во 2013 година во Естонија, Талин стана првиот главен град на ЕУ што направи промена, а минатата година Луксембург, со население од 626.000 жители, стана првата земја што понуди тотално бесплатен јавен превоз.

-Ако може тоа да функционира некаде, зошто не кај нас? Сведоци сме на лошо работење на ЈСП поради непродуктивни трошоци, не постоење на систем за брз и ефикасен превоз. Решението за БРТ ниту е добро, ниту пожелно за Скопје и со него ама баш ништо не се решава, туку само дополнително се комплицира. Ќе се преместуваат мостови, ќе се сечат дрвја по Партизанска, ќе се направи гломазен нефункционален систем. Секогаш одиме по комплицираниот пат кога пред нас имаме едноставни решенија. Време е тоа да престане“, порача Арсовска.

За неа ова решение е единствено за сите скопјани, за сите населби, што не е случај со БРТ каде се изоставуваат приградските населби.

-Кога имате брз и ефикасен бесплатен превоз, секој од нас наместо да користи автомобили ќе го користи овој превоз, а со тоа значително ќе се намали загадувањето, смета Данела Арсовска.

Таа најави и воведување на ноќни линии посебно во викенд и воведување на нови автобуски линии и нови постојки. Голем број од линиите ќе бидат и зачестени и проширени во својот дофат.

Локални избори 2021