вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Арачиновци сами ги асфалтираат улиците, пораки за градоначалничката

Арачиновци сами ги асфалтираат улиците, пораки за градоначалничката

По завршувањето на асфалтирањето на ул. 11, во Арачиново, која беше финансирана од бизнисменот Фадил Ферати од Арачиново, кој живее и работи во Швајцарија, денес повторно жителите на Арачиново започнаа реставрацијата на 9-та улица во ова село, финансирана исто така од арачиновски бизнисмен.

Во писмо до група граѓани упатено до новинската агеција, ИНА, се наведува дека “оваа самоиницијативна мобилизација се случува бидејќи Општина Арачиново и нејзината градоначалничка, Миликије Халими не покажаа подготвеност да ги исполни ветувањата дадени во текот на изборната кампања и не ги исполнува барањата на жителите на Арачиново за регулирање на патната инфраструктура.

“Според нив, овие проекти се порака и аларм за градоначалничката на општината, Миликије Халими, која е надлежна и должна да ги  реализира овие работи и проекти, а не на жителите.

Коронавирус