среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Скопје

Апостолоски: Наумовски да го објави новоизгласаниот ДУП

Апостолоски: Наумовски да го објави новоизгласаниот ДУП

Почитувани граѓани,
ДУП-от за Хром се изгласа на 2-ри октомври. До ден денешен, шест денови после неговото изгласување и стапување во сила, ДУП-от не е објавен на веб страната на општината каде што се изложени јавно сите урбанистички планови.

http://opstinagpetrov.gov.mk/usvoeni-urbanisticki-planovi/

Со донесувањето на новиот Детален урбанистички план за градска четврт СЗ 20, се овозможува плански развој, осовременување и целосно уредување на просторот. И тоа е во ред доколку е вистина. Но, зошто Александар Наумовски јавно не одговори на прашањето дали се уцртани нови, повторувам нови згради и дали во овој дел од планот не се уцртани 92 маркици со намена А2 (колективно домување/згради) со просечна висина од 13.5 метри?

Колку нови станови се тоа?
Има ли капацитет комуналната инфраструктура да го издржи тоа?

Дали имаат капацитет училиштето и градинката за да ги прими сите дечиња?

Што правиме со зеленилото и алпскиот воздух?

Дали се вистинити шпекулациите кои кружат низ Ѓорче дека планот е уцртуван согласно потребите на одредени поединци и групи кои се во директна корелација со Наумоски, врз база на лични интереси?

Доколку во најбрз можен рок општинската администрација под палка на Наумовски не го објави новоизгласаниот ДУП СЗ 20 за народот да го има на увид и да знае како е предвиденo просторното планирање, ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” ќе го објавиме истиот. Тогаш граѓаните ќе дознаат за нетранспарентноста на работењето на Наумовски, како и селективното доделување на А2 маркици за градба на згради кои дополнително ќе го задушат Хром. Александар Наумовски да одговори, дали на шверцерски начин се доделувале маркиците и зошто е употребен двоен аршин кога се во прашање граѓаните на населба Хром? Напиша на Фејсбук, Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ.