недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 49
home Скопје

Апостолоски: Дали критериум за добивање на годишните награди и признанија на општината Ѓорче Петров, стана партискиот ангажман во СДСМ?

Апостолоски: Дали критериум за добивање на годишните награди и признанија на општината Ѓорче Петров, стана партискиот ангажман во СДСМ?

Откако избегна да каже колку чини забавата за денови на општината,  Наумоски повторно во својот препознатлив стил ја додели годишната наградата „Ѓорче Петров“ која се доделува секоја година на граѓани кои со својата општествена работа ја афирмирале општината. По отворениот конкурс за пријавување на заинтересираните, на 10.09 овој месец се состанува Комисијата за награди и признанија при Советот на општината, каде што констатира дека е пристигната само една пријава која е составена од наставник и ученик за настап и висок пласман на државен и меѓународен натпревар по математика. Комисијата едногласно ја прифаќа пријавата и дава предлог тимот составен од наставникот и ученикот да ја добие годишната награда „Ѓорче Петров“ заради висок пласман на натпреварите по математика, изјави Данијел Апостолоски, советник во Советот на Општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

„Но тоа за жал, не беше во плановите на градоначалникот Наумоски. Два дена подоцна, на 12.09, по негов налог повторно се состанува Комисијата за награди и признанија на која се присутни само членовите на советничката група на СДСМ и ја поништува прводонесената одлука од 10.09  за доделување на годишната награда „Ѓорче Петров“.Градоначалникот Наумоски иако имал одлука од Комисијата за награди и именувања за доделување на наградата на единствениот кандидат кој со уредна документација се пријавил на огласот тој повторно ја свикал Комисијата и без присуство на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ,  одлучува да ја поништи прводонесената одлука и наградата да ја додели на Васил Толески, поранешен член на СДСМ и поранешен кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од истата партија, кој воопшто нема аплицирано.“

-За скандалот да биде уште поголем градоначалникот Наумоски вели дека пријавениот ученик, несудениот добитник бил премлад за оваа награда и доволна ќе му била доделената плакета за првенец на генерација. По скандалот со исхраната на учениците, каде што илјадници ученици се уште немаат оброци во основната и целодневната настава, ова е уште еден стимул за образованието во Ѓорче Петров. Го прашуваме Наумоски, дали критериум за добивање на годишните награди и признанија на општината Ѓорче Петров, стана партискиот ангажман во СДСМ?, посочи Апостолоски.

 

Коронавирус