недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 39
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Скопје

Антовски: Катастрофата што и се случува на општина Аеродром, има име и презиме Златко Марин

Антовски: Катастрофата што и се случува на општина Аеродром, има име и презиме Златко Марин

Изминаа две години од мандатот на Златко Марин и СДСМ. Две години во кои освен нови згради, криминал, лично богатење, лаги и измислици, не видовме апсолутно ништо сработено од страна на Марин. Предизборната програма со која градоначалникот ги лажеше жителите на Аеродром најверојатно е заборавена, а можеби и изгубена, па не може да се потсети што ветувал. Изминатиот период посетивме повеќе населени места во општината, ги слушнавме граѓаните, поразговаравме со нив и кај сите постои револт поради лагите кои им без сервирани, надевајќи се дека нешто ќе се подобри, изјави денеска советниокот во Општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Пане Антовски кој додаде:

„Ново училиште „Димитар Македонски“, нова гимназија во Аеродром, градинки во Мичурин и на ул. „Тодор Чангов“, подобрена инфраструктура, нови паркови и зеленило, нова општинска зграда, мултинаменски културен центар, гасификација, паркинг простори, нова индустриска зона, нова амбуланта во населба Лисиче, затворен зелен пазар, комунален ред и хигиена на европско ниво, можеме да видиме само на хартија. За жал, општина Аеродром е далеку од она што беше ветено. Наместо решавање на постоечките проблеми, успеавме да видиме како со недомаќинско работење може во една од најурбаните општини во Република Македонија може да се создадат и нови проблеми и тоа поради една и единствена причина, неспособноста на Златко Марин. Парковите скоро и да се исушија, зеленилото се претвори во жолтило. Секоја улица, секоја парк, секое маало сведочат за негрижата на општината за хигиената, контејнерите секојдневно се преполни, кал, прашина, ѓубре и депонии станаа синоним за општина Аеродром.
Ветуваа здрава и чиста животна средина, чист воздух за сите. Единствено што реализираа е тоа што мерната станица за квалитет на воздухот е исклучена веќе две години.“

-Апсолутно НУЛА реализирани проекти за подобрување на квалитетот на воздухот, ама затоа исечените десетици здрави дрва, повеќегодишни дрва, изградените огромен број на нови згради, уништената инфраструктура сведочат за катастрофата што и се случува на општина Аеродром, која што има име и презиме Златко Марин. СДСМ докажа дека не знае како треба да се работи и тоа на сите ни е јасно и мора што поскоро да си замине.
На Аеродром му е потребна обнова која ќе донесе крај на лагите и криминалот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и во наредниот период ќе продолжи да биде со граѓаните на општина Аеродром, ќе ги посетиме сите населени места, се со цел да ги слушнеме сите проблеми кои ги имаат и согласно надлежностите ќе се обидеме да најдеме заеднички решенија, потенцира Антовски.