недела, 22. септември 2019. Вести денес: 92
home Скопје

Антовски: Дали Марин го заборави предизборното ветување дадено на граѓаните на општина Аеродром или целта му беше да ги измами

Антовски: Дали Марин го заборави предизборното ветување дадено на граѓаните на општина Аеродром или целта му беше да ги измами

Ова е локацијата за којашто Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром издава решенија за градби на згради и покрај тоа што на 13ти Март 2019 година Уставниот суд донесе Решение дека се прифаќа иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на ДУП за градска четврт И17 блок 17.02 поднесена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на Општина Аеродром, изјави Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром кој додаде:

„Го прашуваме градоначалникот Златко Марин дали го заборави предизборното ветување дадено на граѓаните на општина Аеродром во неговата програма дека ќе направи ревизија на ДУП-овите со цел да се намали градежната експанзија посебно во урбаното градско јадро или целта му беше да ги измами граѓаните со лажни ветувања и да се дограби до власт.“

-Со оваа постапка Златко Марин покажува дека личните интереси се пред интересите на граѓаните на општина Аеродром и дека нема цел да ја намали градежната експанзија во општина Аеродром, туку напротив да ја интензивира, потенцираше Антовски.