среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 141
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Скопје

Андоновски: ЈП Улици и патишта за само три месеци реализира сериозен дел од ветувањата, да се продолжи и понатаму со ова темпо во интерес на скопјани

Андоновски: ЈП Улици и патишта за само три месеци реализира сериозен дел од ветувањата, да се продолжи и понатаму со ова темпо во интерес на скопјани

Во јавното претпријатие Улици и патишта може за прв пат после подолго време менаџерскиот тим е составен од луѓе кои што навистина си ја знаат работата, и тоа се луѓе кои што се докажале во приватниот сектор во оваа област и своето знаење и искуство го пренесуваат и во градот, и разликата е евидентна, вели советникот во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски на денешната седница на која се дискутираше за тримесечниот извештај за работата на претпријатието.

Андоновски истакна дека се реализирани две клучни ветувања и тоа поставување на поставени 6 бројачи на семафори а црвен и зелен сигнал на крстосниците во градот, како и монтирање на околу 50тина уреди за звучна сигнализација за лица со нарушен вид и тоа на голем број улици во градот Скопје.

– Двете клучни ветување кои што ги имаше во програма на градоначалничката а ние како коалиција ги поддржавме беа, бројачите на семафори на крстосници, кои што во делот кој што е надвор од системот за централно управување на сообраќај можат да го олеснат сообраќајот, тука се поставени 6 бројачи на семафори а црвен и зелен сигнал на крстосницата Босна и Херцеговина, исто така на крстосниците Христијан Тодоровски Карпош. Во исто време се монтирани и околу 50тина уреди за звучна сигнализација за лица со нарушен вид и тоа на голем број улици во градот Скопје. Второ остварено ветување е конечно чистење на косините на реката Вардар и машинско и рачно, кое што можеби е прва фаза до реализација на проектот за зелен кеј на реката Вардар кој што ќе биде од едниот до другиот крај на градот, рече Андоновски.

Во однос на работата на јавното претпријатие Улици и патишта изминатите три месеци, Андоновски нагласи дека е задоволен и се надева дека и во наредниот период ќе продолжи да работи со уште позасилено темпо и реализација на проекти.

– Сериозен дел од стартните ветувања оние кои што брзо можат да се реализираат без поголеми капитални проекти, јавното претпријатие веќе ги реализира и се надевам дека и во наредниот период ќе продолжиме на гледаме консолидација на работата на претпријатието, изјави тој.

Коронавирус