петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 215
home Скопје

АНАЛИЗА: Зошто Центар стана полоша општина за живеење изминативе 4 години? (прв дел)

АНАЛИЗА: Зошто Центар стана полоша општина за живеење изминативе 4 години? (прв дел)

Иако стагнацијата на Центар започна во времето на мандатот на Андреј Жерновски и неговото дуо-трио, хаусмајсторот Кочо, бодигардот Жаре и советникот Дончо, се чини како никогаш досега во буквално сите маала низ Центар уназадувањето се гледа од авион.

Да почнеме од Дебар Маало, славното маало, трајно осакатено од Грчев. Зафатени тротоари полни со непрописно паркирани автомобили и тоа до самите ресторани, кафулиња и кафеани и тоа дури и на самата „Боемска улица“ е сликата со која секојдневно се соочуваат жителите на Дебар Маало. Тие се жалат дека не можат слободно да се движат. Заштитните топки се или скршени или откорнати и буквално ниту општината, ниту ПОЦ ниту пак сообраќајната полиција превзема било што во изминатите 4 години.

Бетонизацијата на Капиштец околу улицата Козара пак најдобро го демантира градењето “со усул” на Зоран Заев. На тој дел зградите кои се градат се буквално залепени една до друга и една врз друга. Жителите на Капиштец се огорчени и од гласната музика од угостителските објекти долж улицата Народен Фронт кои со политичка поддршка на еден друг кандидат за градоначалник на скопска општина, редовно го изигруваат законот и пропишаните казни дури и во време на пандемија.

Сардисани и блокирани, вака веќе 3 години живеат жителите околу Клиничкиот Центар и Средното фискултурно училиште кои буквално не можат да излезат од сопствените домови поради незаинтерсираноста на ЈП ПОЦ да воведе резиденцијално паркирање на околните улици на кои се паркираат луѓе од целата држава, а кои не сакаат да платат паркинг при посета на некоја од државните клиники.

Како дополнителен проблем на жителите од овој дел се и стотиците вработени во МВР кои ги оставаат своите возила во околните улици за да не платат паркинг.

Голем дел од жителите на Кале, Маџир Маало, Ново Маало сеуште се препуштени да живеат во услови како на крајот на 19от век и покрај екстензивната урбанизација во нивните маала.

Катастрофалната хигиена, зголемената бројка на улични кучиња, сообраќајниот хаос и неред се секојдневие на жителите на Градски Ѕид околу Зелениот Пазар каде атмосферата се повеќе наликува на Лахоре или Карачи, а не на јадро на главен град на европска држава.

Коронавирус