сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Александар Георгиевски го прими уверението за градоначалник на Општина Илинден

Александар Георгиевски го прими уверението за градоначалник на Општина Илинден

Александар Георгиевски е нов градоначалник на Општина Илинден. Според конечните резултати, на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година, уште во првиот круг тој ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Илинден во наредните четири години.

Уверението за избран градоначалник на општина Илинден на градоначалникот Александар Георгиевски, му го врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Гоце Крстевски на пригодна свеченост што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“, со што и официјално тој ја презема функцијата градоначалник на општина Илинден.

Уверенијата за избрани советници на Советот на општина Илинден ги примија и новите 15 советници:
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата:

1. Верче Мицевска
2. Павле Павлески
3. Миле Стојановски
4. Борче Најдовски
5. Благоја Митровски
6. Светлана Слезенковска
7. Дарко Мицевски
8. Горан Гочевски
9. Драгана Бојковска

СДСМ и коалицијата
1. Мирјана Николовска
2. Милош Станковски
3. Новица Милев

Група избирачи, Трајче Илиевски

1. Трајче Илиевски
2. Анета Здравковска

Левица
1. Кирил Слезенковски

Коронавирус