среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 113
home Скопје

Алармантно: Скопје и денеска во топ 10 најзагадени градови во светот

Алармантно: Скопје и денеска во топ 10 најзагадени градови во светот

Главниот град на Македонија денеска високо котира на листата на најзагадени градови во светот.

Според глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“), Скопје утрово е на седмото место.

Откако пред некој ден загаденоста во населбата Ѓорче Петров беше алармантно голема, мерната станица таму веќе не работи.

Исто така, инструментот за мерење на ПМ10 честички во Гази Баба е исклучен од 14 август оваа година, а во Лисиче од 5 октомври.