четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 93
home Скопје

Активно се работи на терен: Екипите на Водовод го санираат поголемиот дефект пред мостот во Драчево

Активно се работи на терен: Екипите на Водовод го санираат поголемиот дефект пред мостот во Драчево

Во текот на вчерашниот ден на ул. Борис Трајковски бб, во Општина Кисела Вода, настана дефект на водоводна цевка со профил Ф600, при што екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, веднаш пристапија кон санирање на истиот, информираат од претпријатието.

При санацијата на дефектот, биле откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и денешниот ден.

Во моментот екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје го санираат четвртиот дефект и ќе останат на терен, се до целосно отстранување на истиот.

За граѓаните кои живеат во тој регион, обезбедени се 2 цистерни со питка вода и уште 2 цистерни со техничка вода.

Локации каде ќе бидат стационирани цистерните:

Две цистерни (питка и техничка вода)
Усје 09-10 часот
Пинтија 10-11 часот
Батинци 11-12 часот
с.Драчево 12-13 часот
н.Драчево 13-14 часот

Две цистерни (питка и техничка вода)
н.Драчево 09-10 часот
с.Драчево 10-11 часот
с.Д.Лисиче 11-12 часот
с.Студеничани 12-13 часот
с.Морани 13-14часот

Цистерни ќе циркулираат низ населените места каде има прекин на водоснабдувањето и за задоволување на потребите на училиштата и градинките.

Покрај дадениот распоред, дополнително цистерните ќе продолжат да ротираат во текот на целиот ден, се до нормализирање на водоснабдувањето.

-Благодариме за трпението на граѓаните кои живеат во овој дел од градот каде што во моментов има прекин на водоснабдувањето. Екипите се на терен и работат за отстранување на дефектите во најбрз можен рок, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Коронавирус