вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 145
home Скопје

Ако викендов се возите со автобус низ Скопје, овие информации мора да ги знаете

Ако викендов се возите со автобус низ Скопје, овие информации мора да ги знаете

Јавниот превоз во петок (1.05.2020 год), сабота (2.05.2020 год) и недела (3.05.2020 год) ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Во петок (1.05.2020 год) и во недела (3.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

Во сабота (2.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот).

ЕУРО 2020

Македонија