четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 162
Во живо

ВО ЖИВО: Мицкоски на средба со граѓани во Радовиш

home Скопје

Акција за вдомување бездомни кучиња од Стационарот „Вардариште“ во следните 7 дена

Акција за вдомување бездомни кучиња од Стационарот „Вардариште“ во следните 7 дена

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните – 4 октомври,  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје  во периодот од 4 до 10 октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“.

Во овој период, вратите на Стационарот ќе бидат отворени од 09 до 19 часот за сите љубители на животните коишто сакаат да си одберат куче за вдомување.

-Овие 60 кучиња се прегледани од страна на ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици. Ги повикуваме љубителите на животни коишто планираат да купат миленик, да го посетат Стационарот „Вардариште“ и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани, кучињата им се отстапуваат без паричен надоместок, се вели во соопштението.

Најнови вести

Локални избори 2021