четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 113
home Скопје

Акција за пролетно расчистување во Кисела Вода

Акција за пролетно расчистување во Кисела Вода

Во рамки на акцијата за пролетно расчистување во општина Кисела Вода денеска околу 50 сезонски работници чистеа во Драчево, Пржино и Црниче.

– Се чистат тревните површини, парковите, тротоарите и улиците кои се во надлежност на локалната самоуправа. Се кастрат и исушените гранки од дрвјата и грмушките, информира општина Кисела Вода.

Пролетното расчистување на општина Кисела Вода ќе се одвива во наредните 15 дена.

Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани за совесно однесување и почитување на Законот за јавна чистота.

Коронавирус