Општина Аеродром во соработка со јавните претпријатија на Град Скопје, „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ денеска почнува акција за чистење на општината.
На почетокот на акцијата, во паркот меѓу кулите на улица „Бојмија“ кај Новата железничка станица, ќе присуствуваат градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин и директорите на двете јавни претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“, Адриан Муча и Абдусамет Шабани.
(Миа)