понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 7
home Скопје

Акција на Град Скопје за рачно миење на улиците и булеварите

Акција на Град Скопје за рачно миење на улиците и булеварите

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вчеравечер почнаа генерална акција за рачно миење на градските улици и булевари во Скопје, информираат од Градот.

-Акцијата се одвиваше во ноќните часови, за да не се попречува одвивањето на сообраќајот, а во текот на изминатата ноќ рачно со автоцистерни беше измиен коловозот на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт кон центарот на градот, се вели во соопштението на Град Скопје.

Отааму додаваат дека миењето на градските улици и булевари во централното градско подрачје ќе продолжи во наредните денови, во зависност од временските услови, а потоа акцијата ќе се прошири и во другите скопски општини.

-Целта на оваа активност на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“ е да се подобри хигиената на јавните градски површини. За акцијата ќе бидат ангажирани три цистерни и едно помало специјално комунално возило ВАП кое ќе послужи за чистење на плоштадот „Македонија“ и на улицата Македонија, се посочува во соопштението.

Од Градот посочуваат дека е значајно да се напомене дека паралелно со оваа акција, ќе се одвува и редовното машинско миење на коловозите, со цистерни.