петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Аеродромци контра Марин: Му ги урнаа тарабите и му испратија порака

Аеродромци контра Марин: Му ги урнаа тарабите и му испратија порака

Револтирани граѓани ги урнаа тарабите за новата зграда која треба да се гради на локацијата на постоечки детски парк и игралиште кај Тобако 2, на аголот улиците „Руди Чајавец“ и „Фрањо Клуз“.

Скопје стоп алам во своето обраќање до градоначаникот на општина Аеродром, Златко Марин, наведува:

„Бараме итно стопирање на овој објект и ревизија на сите ДУП-ови во општината, впрочем како што ветивте во септември 2017 година“.

Граѓаните си го кажаа своето, се очекува реакцијата на општината.