сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 76
home Скопје

Аеродромци ќе платат 3 милиони денари штета поради тоа што Марин раскина договор со ФФМ, Митески открива детали

Аеродромци ќе платат 3 милиони денари штета поради тоа што Марин раскина договор со ФФМ, Митески открива детали

Една од првите одлуки на Златко Марин беше раскинување на договорот со ФФМ за користење на фудбалското игралиште во Реонски центар и доделување на користење без надоместок на луѓе блиски до градоначалникот. После скоро 4 години, општина Аеродром го изгуби спорот и согласно информациите ќе треба да исплати на ФФМ повеќе од 3 милиони денари штета и трошоци, истакнува Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ.

„Недомаќинското раководење со општината, водено од лични интереси и непознавањето на регулативата доведе до штети по буџетот кои ќе ги плаќаме сите ние.

И покрај тогашните апели општината да не презема ваков чекор, градоначалникот сакајќи да им овозможи брза заработка на луѓето околу него, презема штетен чекор, кој денес сите нас ќе не чини многу.

Наместо овие 3 милиони денари да се инвестираат во уште еден спортски објект, ќе завршат во штети и судски трошоци.

Вака не се води општина“ – пишува тој.

Коронавирус