петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 106
home Скопје

Аеродром го раскина договорот за користење на фудбалскиот терен склучен со ФФМ, а истиот го користи близок човек на градоначалникот

Аеродром го раскина договорот за користење на фудбалскиот терен склучен со ФФМ, а истиот го користи близок човек на градоначалникот

Општината Аеродром неодамна го раскина договорот за користење на фудбалскиот терен склучен со ФФМ, а истиот го користи близок човек на градоначалникот Златко Марин.

Имено на ден 17.05.2018 година, на предлог на Златко Марин, советничката група на СДСМ донесе одлука за раскинување на договор за користење на фудбалски терен склучен помеѓу општина Аеродром и ФФМ, по што Златко Марин го раскинува предметниот договор.

Општина Аеродром на ден 07.08.2018 година објви јавен оглас за давање под закуп на фудбалскиот терен, со почетна цена од 1026 евра месечна закупнина.

Јавниот оглас пропадна, никој не го доби фудбалскиот терен под закуп.

Заклучно со денес, фудбалскиот терен се уште не е даден под закуп, меѓутоа истиот противправно го користи спортски клуб „ФК Аеродром 2018“, кој е во сопственост на полубратот на возачот на градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Аврамовиќ.

Исто така, општина Аеродром, на последната седница на советот донесе одлука согласно која општината ќе склучи договор со ЕВН Македонија и ќе го плаќа надоместокот за електрична енергија.

Немаме информација дали има од претходно заостанат долг и дали и тој долг општината ќе го плати. Дали Марин има некаков интерес од ова?, останува времето да покаже.