недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 35
home Скопје

20 автобуски линии на ЈСП утре ќе бидат пренасочени

20 автобуски линии на ЈСП утре ќе бидат пренасочени

Утре од 19 часот до полноќ затворен за сообраќај ќе биде булевар „Партизански одреди“ на потегот од вкрстувањето со улица „Рузвелтова“ до вкрстувањето со улица „Костурски херои“ и тоа само во правецот од Ѓорче Петров кон Центар, а автобуските линии што гравитиваат во овој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот.

Линиите 2, 2А, 11, 11А, 12, 18, 19, 32, 56, 56А, 60 и 118 ќе вртат лево на улица „Рузвелтова“, десно по булевар „Илинден“ кон мост Гоце Делчев, од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.
*во обратна насока ќе сообраќаат по своите вообичаени траси.

Линиите 4, 7, 15, 21, 21А, 22, 22А и 24 ќе вртат десно на улица „Рузвелтова“, лево по булевар „Теодосиј Гологанов“ кон Центар, од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.