сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 53
home Скопје

172 санкции за возачи во Кисела Вода и Сопиште

172 санкции за возачи во Кисела Вода и Сопиште

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Кисела Вода и Сопиште изречени се вкупно 172 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18, 17 за неисправни и нерегистрирани возила, за возење под дејство на алкохол 6 санкции и 16 мерки за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.