сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Жителите од централното градско подрачје во М.Каменица од утрово без вода за пиење

Жителите од централното градско подрачје во М.Каменица од утрово без вода за пиење

Од утрово жителите од централното подрачје на Македонска Каменица се без вода за пиење. Причината како што е информираат надлежните од Јавното претрпијатие „Камена Река“ е дефект на главната водоводна линија.

-Јавното претпријатие „Камена Река“ ги известува граѓаните на Македонска Каменица дека, поради настанат дефект на главна водоводна линија, од 10:00 часот е прекинато снабдувањето со вода на улиците Осоговска и Александар Македонски. Екипите на Јавното претпријатие „Камена Река“ работат на отстранување на дефектот по што се очекува нормализирање на водоснабдувањето, инфомираат надлежните.

Од „Камена Река“ апелираа до граѓаните да ги приајвуваат ваквите дефекти со цел истите навремено да бидат отстранети.

-Воедно информираме дека по отсстранувањето на дефектот на улиците Осоговска и Александар Македонски водата ќе биде третирана со соодветни препарати по што истата повторно може да се користи за секојдневна употреба, додадоа од претпријатието.

Оттаму додадоа дека годинава не се забележани поголеми загуби со водоснабдувањето, при што изразија надеж дека таквата состојба ќе продолжи и понатаму.

Најнови вести

Коронавирус