понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 4
home Општини

Жителите на Свети Николе стравуваат дека нивниот земјоделски производи нема да се обештети, Николовски тотално незаинтересиран

Жителите на Свети Николе стравуваат дека нивниот земјоделски производи нема да се обештети, Николовски тотално незаинтересиран

Вчера во попладневните часови силно невреме проследено со обилни врнежи и засилен ветер го погоди Свети Николе.

Жителите на Свети Николе кои одгледуваат житни, индустриски и градинарски култури, од кои најголем дел житарици, винова лоза и тутун повторно се соочуваат со сериозни проблеми и стравуваат дека се оставени сами на себе и се плашат за својата и егзистенцијата на семејства.

Нивниот страв се зголемува и поради незаинтересираноста од страна на актуелната влада и министерот за земјоделие Љупчо Николовски. Како што кажаа, покрај тоа што се соочуваат со ниските откупна цена, доцна исплатените субвенции, сега стравуваат и не знаат дали ќе им се обештетат земјоделските производи од настанатите штети.

Според нив доколку се случи само уште еден ваков пороен дожд целосно ќе се уништи нивниот труд.