петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Здравковски: ВМРО гради и покажува со дела, а СДСМ дава празни ветувања кои речиси никогаш не се исполнети

Здравковски: ВМРО гради и покажува со дела, а СДСМ дава празни ветувања кои речиси никогаш не се исполнети

Почитувани граѓани

Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола

Набавка на 5 нови возови за Велес

Реконструкција на стариот пат Велес – Градско – Прилеп

Нови водоводни и канализациони мрежи

Нова спортска инфраструктура

Да! Велес го залужува ова! Граѓаните на Велес го залужуваат и затоа во име на Обновата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира овие проекти, а ние како Општински комитет во името на Велешани ќе се залагаме за експедитивна имплементација и реализација.

Нашиот град е град на најреволуционерни идеи, на напредната авангардна мисла, град на преродбата. Така било во минатото и ние мора да го продолжиме тој континуитет за да го оправдаме своето потекло како горди Велешани и Македонци. Затоа мора да се залагаме градот да ни живее, да расте и да се развива. Во таа насока, потребно е вложување во инфраструктурата и нови инфраструктурни проекти.

Мои Велешани,
Инфраструктурата е од суштинско значење за развојот на економијата, земјоделството, образованието, трговијата, културата, за квалитетот на живот на граѓаните. Велес е срцето на Македонија, вековна балканска крстосница, со стратешка географска положба, во која се вкрстуваат патиштата кои водат кон сите страни на светот.

Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт реализираше бројни инвестиции од сите области – Се изгради експресниот пат за Штип, се реконструираа локалните патишта, се реконструираа улици во градското подрачје. Се изградија училишта во село Горно Оризари и во село Иванковци. Се изгради новиот театар.

Се инвестираше во индустриските зони и се донесоа најголемите инвестици за градот, се отворија фабриките во кои и денеска велешани работат, се осветлија клучките на влезовите на градот, се набавија нови возови во кои најчести патници се граѓаните на Велес и уште многу други.

Е токму во тоа се разликува владеењето на ВМРО и владеењето на СДСМ.

ВМРО гради и покажува со дела, а СДСМ дава празни ветувања кои речиси никогаш не се исполнети. Затоа и од нивната програма останаа нереализирани сите ветени проекти, а за нашиот град не направија апсолутно ништо! Немаат никаква инфраструктурна инвестиција. Ветуваа, ветуваа… и уште ветуваат. Но на мегдан се само ветувањата. Затоа што нивниот стил на владеење покрај се што уништија е препознатлив по „ЌЕ“ реториката.

Почитувани сограѓани, нашите цели се јасни, и ова е доволно да се направи компарација на работењето наспроти неработењето, подобрување на условите за живот во Велес наспроти празнењето на градот поради стагнација на секоја сфера.

Тие ќе пробаат да Ве убедат дека сите се исти, дека ниту овие ниту оние не заслужуваат доверба, ќе пробаат да предизвикаат апатија и недоверба само да ја намалат излезноста за претстојните избори на кои им се знае судбината.

Граѓаните на Велес се мудри и знаат да донесат правилни одлуки, а така ќе биде и на 12ти април, кога на оваа хунта ќе и дојде крајот и ќе ги пратиме во политичка историја но ќе ни служат за пример како НЕ ТРЕБА да се работи за интересите на граѓаните на сопствениот град и сопствената држава Република Македонија.

Интегрален текст од прес-конференција на Игор Здравковски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес.

 

Коронавирус