недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Општини

Здравковски: Скоро сигурно е дека базените ветени од страна на Александар Наумоски нема да се реализираат

Здравковски: Скоро сигурно е дека базените ветени од страна на Александар Наумоски нема да се реализираат

Почитувани, СДСМ и Александар Наумоски ВО НИВНАТА ПРОГРАМА ВЕТИЈА ИЗГРАДБА НА ОТВОРЕН И ЗАТВОРЕН БАЗЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ТОКМУ ТУКА НА ОВА МЕСТО КАДЕ ШТО СЕ НАОЃАМЕ.

Зборот е збор – според толкување на СДСМ.

Помина половина од мандатот на градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, а од ветувањето за изградба на базените нема никаква реализација.

-Не е отпочната никаква постапка за урбанизација на ова место.
-Не е започнато проектирање на истите.
-Не е познат изворот и начинот за финансирање за изградба на базените.
-Не е објавено кога би започнала изградбата на базените и во кој рок ќе заврши нивната изградба.

Скоро сигурно е дека базените ветени од страна на Александар Наумоски нема да се реализираат.

Дали е ова уште една голема лага на СДСМ ?
Дали единствената шанса за овие базени да се изградат беше само ако беа предвидени на имот на семејството Наумоски и доколку тие би имале лична корист ?

Ова е едно од низата нереализирани ветувања на Наумоски и СДСМ кои комплетно ги заборавија потребите на младите луѓе од општина Ѓорче Петров.

Интегрален текст од изјава на Филип Здравковски од ОК ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров.