четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 129
home Општини

Здравков: Клиничката болница Штип се уште без одговор од каде потекнува заразата на десет лица од Хепатит Ц

Здравков: Клиничката болница Штип се уште без одговор од каде потекнува заразата на десет лица од Хепатит Ц

Веќе трета недела хаос, страв и очај владее меѓу пациентите, персоналот и граѓаните. После 21 ден, Клиничката болница Штип се уште не дала одговор од каде потекнува заразата на десет лица од Хепатит Ц. Граѓаните од источна Македонија се прашуваат дали кога одат да се лечат во здравствена установа, ќе заминат со неизлечливи болести. Епидемијата на Хепатит Ц, која се откри кај пациенти кои лежеле на Одделението за ортопедија во Штип, ја шокираше јавноста. Меѓутоа, и после 21 ден, решение за проблемот нема, а секојдневно се зголемува бројката на заразени пациенти, изјави денеска Љубе Здравков, советник од ВМРО-ДПМНЕ, во Совет на Општина Штип кој додаде:

„За случаи како овој, се затвораат болници и се поднесува одговорност, но кај нас уште чекаме одговор од надлежните кои без чувство на одговорност се обидуваат да најдат оправдување. Овој случај ја наруши довербата во здравството и ја отвори Пандорината кутија на прашања, од кои очекуваме одговори во најкраток можен рок. Кој ќе сноси одговорност за уништувањето на десетина човечки животи? Кога директорот на Клиничката болница ќе покаже морална одговорност и ќе поднесе неотповиклива оставка?“

-Дали Министерот за здравство и Генералниот секретар ќе продолжат под тепих да ги кријат проблемите или конечно ќе се соочат со гневот на граѓаните? Одговори и одговорност мора да има!, потенцираше Здравков.

Коронавирус