среда, 19. јуни 2019. Вести денес: 121
home Општини

Здравески: „Оставка од Јованоски заради морални причини и нови избори за спас на Прилеп”

Здравески: „Оставка од Јованоски заради морални причини и нови избори за спас на Прилеп”

Oна што го зборувавме во изминатиот период, а се однесуваше на масовниот непотизам во јавните и државните институции во Прилеп, се покажа дека е вистина.Во текот на вчерашниот ден во јавноста одекна информацијата дека Државната антикорупциска комисија поднела иницијатива за кривична одговорност на градоначалникот Илија Јованоски, за вработувањето на неговата внука во општина Прилеп – истакна на денешната прес конференција Виктор Здравески од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Повеќе пати посочувавме дека токму Јованоски е класичен пример за непотизмот кој владее во СДСМ, а сега граѓаните се сведоци на тоа. Меѓутоа, ова е само капка во морето од непотизам на градоначалникот кој своите роднини ги вработува каде ќе стигне.

Ја повикуваме Антикорупциската комисија да ги испита и вработувањата на Игор Спиркоски, внук на Јованоски, кој беше поставен за директор на новоформираното претпријатие за гасификација и Горан Попоски, зет за сестра на градоначалникот, кој е поставен за директор на Регионалната Стопанска комора во Прилеп.

Сакаме да го прашаме Јованоски, дали после еден ваков скандал смета дека сеуште е достоен да стои на чело на општина Прилеп?

Ќе имате ли доблест градоначалник да поднесете оставка од морални причини и барем така да го покриете вашиот срам?

Како очекувате граѓаните да веруваат во вашите ветувања, кога животот кој го ветивте важи само за вашите роднини и партиски послушници?

Почитувани,

Ова е вистинското лице на овие луѓе! Овие луѓе од првиот ден власта ја користат само за нивните и потебите на нивните најблиски.

На Јованоски, СДСМ и Владата од Зоран Заев не им е важно како вие живеете, како го поминувате секојдневието и со какви проблеми се соочувате.

За нив е важно под државна капа да вдомат се што можат и да уживаат во кожените фотељи цели 4 години”