вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Општини

Затворениот пливачки базен во Струга остана само пуста желба на стружани

Затворениот пливачки базен во Струга остана само пуста желба на стружани

Затворениот пливачки базен во Струга остана само пуста желба на стружани. Објектот е реконструиран, ама само на информативната табла поставена пред руинираниот и запуштен базен кој не фунционира цели 18 години. Градежните активности на базенот беа најавени од страна на Агенцијата за млади и спорт како ивеститор,пред точно една година, пренесува Алфа.мк

На 31 октомври 2019-та беше најавена реконструкцијата на пливачкиот базен како еден од најголемите проекти на Агенцијата за млади и спорт. Но за една година, успеале само да го оградат просторот и ништо повеќе, не е обезбеден ниту пристапен пат до базенот.

Со срушени ѕидови,базенот сега е во уште по очајна слика од пред една година кога го подзачистија, за пред камери да го промовираат проектот, а сега запуштен и обраснат во трње зјае од сите страни послан со смет и градежен шут.Останаа само празните ветувања на тогаш актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, дека до крајот на годинава ќе заврши рекострукцијата која чини 30 милиони денари.

Денеска правиме вовед во градба за реконструкција на пливачкиот базен во Струга, нешто што е долго најавувано и нешто што го ветивме и со владината програма,се со цел овој базен да биде ставен во фунција и секако од наредната веќе крајот на 2020-та и почеток на 2021-ва година да биде ставен во функција – рече Дарко Каевски-Агенција за млади и спорт од 30.10.2019 .

Целиот текст може да го прочитате на Алфа.мк

Коронавирус