недела, 22. септември 2019. Вести денес: 88
home Општини

Запознајте го богатството на дел од Македонија: Што треба да знаете за Белоглавиот мршојадец?

Запознајте го богатството на дел од Македонија: Што треба да знаете за Белоглавиот мршојадец?

Белоглавиот мршојадец, најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка.

Мариово е еден од пределите каде што белоглавиот орел живее непопречуван од ударот на цивилизацијата. Најчесто одбира карпести предели со пештери за гнездење, какви што има во изобилство на кањоните на Градешка, Бела и Црна Река.

Тој има посебен начин на исхрана, јаде само мрши. Бидејќи не мора да ловат, немаат силни канџи како преостанатите грабливци, но затоа имаат широки големи крилја кои им овозможуваат да прелетаат огромни пространства користејќи ги воздушните термали и ветерот. Од четирите видови мршојадци кои некогаш се гнезделе во Македонија, брадестиот и црниот мршојадец веќе се исчезнати, а преостанатите два, белоглавиот и египетскиот, се пред истребување.

Демиркаписката клисура е еден од најбогатите орнитолошки резервати во Европа според застапеноста на ретки птици, каде што можат да се сретнат бел и египетски мршојадец, златен орел, орел-змијар, лисест глувчар, најразлични соколи, како и други ретки видови птици. Белоглавиот орел е трајно заштитен со закон.

Во Македонија веќе се реализираат проекти за заштита на мршојадците финансирани од Франкфуртското зоолошко друштво и Фондацијата за заштита на црниот мршојадец. Во клисурата на Градешка Река, Мариовско пронајдени се 16 мртви примероци на строго заштитениот белоглав орел.

Според непотврдени информации, птиците јаделе затруени мрши кои овчарите ги поставувале за труење на волците. Ова е голема природна катастрофа. Според прстените на нозете и маркерите на крилјата, тоа се птици што доаѓаат и на хранилиштето во Витачево, на терен биле пронајдени и мрши од животни кои најверојатно се хранеле со затруените птици.

Превземено од: www.kralemarko.org.mk