четврток, 25. април 2019. Вести денес: 0
home Општини

Започна гласањето за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица

Започна гласањето за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица

Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица ги објави пристигнатите предлог проекти по објавениот Конкурс за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица. Во моментот како што информира директорот на ,,Камена Река”, Влатко Андоновски трае гласањето за избор на најдобро идејно решение во чии рамки ќе биде земен во предвид и гласот на граѓаните.

-Гласањето ќе трае до 26 Март, заклучно до 12 часот, кога ќе заседава утврдена петчлена комисија. Гласањето од граѓаните на фејсбук профилот на ЈП ,,Камена Река” ќе биде земено како дополнителна сугестија, односно ќе биде вброено како 6-ти глас при одлучувањето, информира Андоновски.

Додава дека наградено ќе биде предлог решението кое ќе добие најмногу бодови согласно гласањето на Facebook страната на ЈП ,,Камена Река” и бодовите добиени од страна на комисијата.

Конкурсот за избор на најдобро решение за уредување на парк се однесува на таканаречениот „Титов парк”, кој е предвидено да се уреди во модерен градски парк, како место за рекреација на граѓаните од М.Каменица.