вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 62
home Општини

Замена на азбестни цевки на три улици кај поранешен Монопол во Куманово

Замена на азбестни цевки на три улици кај поранешен Монопол во Куманово

Општина Куманово одвои околу 20 милиони денари за замена на посточеките азбестни цевки од водоводната мрежа со нови, поставување на асфалт и изградба на тротоари за улиците „4 јули“, „Србо Томовиќ“ и „Страшко Арсов“ во близина на поранешниот Тутунски комбинат.

– Во овој дел од градот изградена е нова атмосферска канализација и реконструирана е и постоечката фекална канализација. На терен веќе се заменуваат постоечките азбестни цевки со нови современи цевки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на тротоарите, информираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Тој најави дека ќе продолжат со трендот на замена на азбестните цевки, согласно планот кој што го утврдува ЈП „Водовод“ и финансиските можности на општината.

Во општина Куманово има застарена водоводна инфраструктура исто како и во останатите градови од Македонија, рече Димитриевски и потсети дека во средината на деведесетите била отпочната замена на азбестните цевки преку МЕАП проектот, а продолжила во изминативе години, со сопствени средства на општината и средства на надлежното претпријатие

Додаде дека се уште има значителен процент незаменети водоводни цевки во Куманово.

(Миа)