сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Општини

Загаденоста четири пати над нормалата- Ветрот не им помогна на жителите во Битола и Струмица да дишат почист воздух

Загаденоста четири пати над нормалата- Ветрот не им помогна на жителите во Битола и Струмица да дишат почист воздух

Ветрот не им помогна на жителите во Битола и Струмица да дишат почист воздух. Таму денес загаденоста на воздухот е четири пати над максимум дозволената граница односно концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот измерени до 19 часот, во Битола е 264mg/m3 додека во Струмица 192 mg/m3.

Токму оваа загаденост ги крена граѓаните да организираат протест против енормното загадување во Битола поддржан од многубројни невладини организации на кои им се приклучија и граѓаните на Битола.

Протестот се одржа пред просториите на општина Битола каде пред насобраните се обратија дел од граѓаните и активистите кои го искажаа својот револт од политиките на централната и локалната власт и испратија пораки до одговорните со цел конечно решавање на проблемот.