сабота, 28. март 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

За време на полициски час си шетале низ Дебар, ќе бидат строго казнети

За време на полициски час си шетале низ Дебар, ќе бидат строго казнети

Основното јавно обвинителство Дебар денеска поднесе Предлог за издавање казнени налози против две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.

Обвинетите​ во одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле по градот.